25/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Јован Стојаноски до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава

Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.

„Најискрено, во името на граѓаните на општина Охрид, упатувам искрени честитки, по повод 27-ми Јануари, националниот ден на српската заедница, денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, еден од најзначајните верски и национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде каде што живеат Срби. Како нераскинлив дел на македонското општество, Вие континуирано придонесувате кон градење на соживотот и меѓусебното разбирање. Уверен сум дека така ќе биде и во иднина и Ви посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла.

Празнувањето на денот на Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодет и напредок.Тие се универзални вредности кои ги спојуваат н унапредуваат заедништвото, почитувањето на различностите и градењето на подобра иднина за сите.“ – стои во честитката од градоначалникот Јован Стојаноски до припадниците на српската заедница.