26/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Константин Георгиески по повод католички Велигден

„Драги сограѓани, пријатели и сите верници од католичка вероисповест од се срце ви го честитам најрадосниот христијански празник – Велигден. Во овие тешки мигови за човештвото, да се потсетиме на постулатите на овој празник, дека со верба во Бога, верба во себе и почитта кон другите, ќе успееме да се избориме со сите премрежија што ни надвиснуваат. Нека светлината на Воскресението  Христово Ви даде сила и верба во надминување на сите искушенија.

Ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, здравје и хармонија.

За многу години!

Христос Воскресна!“ – стои во честитката од градоначалникот Георгиески.