19/04/2024
Дебрца

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Денот на Републиката

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани, по повод големиот празник Илинден.

„Почитувани граѓани,

Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија опстојува Република Македонија.

Да го чуваме аманетот од Илинденците и Асномците и да ги негуваме и надградуваме придобивките од двата Илиндена, да ги оставиме разликите, од каква природа и да се, да покажеме меѓусебна почит и да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите и да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.

Нека ни се честити и вековити двата Илиндена!“- стои во честитката.