19/04/2024
Дебрца

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.

„Ми претставува особена чест, на сите наши сограѓани, како и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви го честитам големиот верски празник – Курбан Бајрам.

Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.

Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година. Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.

Нека е честит Курбан Бајрам.“ – стои во честитката.