28/03/2024
Дебрца

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година

Денес во Основното училиште “Дебрца” (централното училиште, подрачните училишта и подрачните паралелки) започнува новата учебна година за 206 ученици, од кои 24 првачиња.

На учениците и наставниците, градоначалникот Зоран Ногачески им посака успешна учебна година.

„Во оваа пригода сакам да потенцирам неколку мерки и активности кои како локална самоуправа планираме да ги имплементираме во текот на учебната година, а со цел унапредување на образовната инфраструктура, подобрување на квалитетот на образованието и мотивирање на учениците да постигнуваат високи резултати во образованието и тоа:

  1. Инсталирање на централно греење во подрачните училишта во село Требеништа и село Мешеишта; (втора фаза)
  2. ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА
    Пред првиот училиштен ден секое прваче доби училишен прибор.
  3. БЕСПЛАТНА УЖИНКА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
    Сите ученици од I до IX одделение ќе добиваат бесплатна ужинка. Средствата за ужинката ќе ги обезбедува општината во годишниот буџет, а очекуваме да започне од средината на септември, по завршувањето на тендерската постапка која е во тек.
  4. ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА И УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА
    Општината ќе обезбеди парична награда за најдобрите ученици од четирите подрачни основни училишта во општината, од кои ќе се избира еден првенец на генерација и тројца ученици на генерацијата .
  5. ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ
    Општината ќе ги покрива сите трошоци за учество на талентираните ученици на меѓуопштински, државни и натпревари во странство.
  6. БЕСПЛАТНА УЧЕНИЧКА ЕКСКУРЗИЈА
    За учениците од I до IX одделение општината ќе ги покрие трошоците за еднодневен излет , еднаш во текот на учебната година.
  7. СУБВЕНЦИОНИРАН ОПШТИНСКИ ПРЕВОЗ
    Општината ќе им ги субвенционира трошоците за користење на општинскиот линиски превоз на сите ученици кои посетуваат дополнителна настава во приватните образовни центри.
  8. ПАРТИЦИПАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО
    Општината ќе соработува со советот на родители и училишниот одбор преку непосредни средби со претставниците на тие органи, најмалку два пати во текот на учебната година.“ – истакна Ногачески.