29/03/2024
Дебрца

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод празникот Прочка

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, по повод празникот Прочка-Велики поклади, испрати честитка до граѓаните, во која стои:

„Почитувани граѓани,

Ако човек на човек замерил, ако човек со човек не зборува, денес е денот да се олесни душата од таквиот товар, денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка.

Токму затоа, да ги поткрепиме нашите семејства, да ги почитуваме нашите родители, да ги почитуваме нашите соседи и пријатели, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг.

Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род.

Прво треба да си простите на себе си што сте верувале во нешто дека е погрешно или исправно, што не сте пружале љубов на некому кога му била потребна, што не сте дале подршка некому во вистинскиот момент, што сте креирале негативна енергија во животот на некој друг или во Вашиот или кога не сте биле чесни и не сте имале почит кон некого

Простете им на другите, за да Ви биде простено и Вам.

Дозволете ми, на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка и да побарам прошка ако некому сум згрешил.“– стои во честитката.