19/04/2024
Македонија

Честитка од партијата Обединети за Македонија за Прочка

Претседателот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски упати честитка по повод празникот Прочка.

„Онака како што Исус со целото свое битие го возљуби човештвото, и ги плати човековите гревови со својот живот, и на сите нас ни порача да чекориме по неговиот пат, патот на мирот на љубовта, на простувањето на вербата.

Денес на овој ден јасно и недвосмислено кажувам, силата која треба да ја имате за да простите е голема.

По примерот на Исус, од срце им простувам на оние кои сурово ми нанесоа зло, и мене и на моето семејство, и понизно стојам пред Вас другите, и барам прошка.

Проштевајте и простено нека Ви е.“ – стои во честитката од претседателот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.