20/04/2024
Охрид

Честитка од СДСМ Охрид по повод Рамазан Бајрам

СДСМ Охрид на сите припадници на исламската вероисповед во општинава и земјава Ви го честита празникот Рамазан Бајрам.

Поминете го во спокојство, среќа и здравје со најблиските.

И овој, како и сите празници независно на која религија и’ припаѓа не учи дека сите треба да си помагаме, да сочувствуваме со другите, не повикува уште еднаш да ги афирмираме вредностите на солидарност, почит и трпение. Вредности кои имаат посебно значење и сега за време на последниот предизвик на нашето заедничко општество, справувањето со коронавирусот.

Празнувајте и почитувајте ги мерките на здравствените работници за ваша и заедничка среќа и здравје.

Честит Рамазан Бајрам! – стои во честитката од СДСМ Охрид.