Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Охрид по повод Богојавление – Водици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„Водици е денот кога Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител. Крштевањето на Исус е симбол на духовното раѓање, а Бог ни го покажува патот на покајанието и прочистувањето. Радоста на Богојавление е во верата дека сѐ може одново да се измие и обнови.

Негувајќи ја традицијата и духовното наследство, ќе имаме сила и верба за обединување на сите во Република Македонија.

Нека Светиот Крст Ви донесе многу здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во вашите домови.

Нека е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!

Бог се јави!

Навистина се јави!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.