19/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упати честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

„Една од најсуштинските традиции којашто ја негува ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид е почитувањето на најбитните празници и идентитетски обележја на етничките заедници во нашиот град.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 Мај – Националниот ден на Власите.

За Власите, 23 Мај претставува афирмација на нивната култура и традиција и постоење на нивната заедница во нашата држава. Власите во Охрид секогаш биле луѓе кои со својата трудољубивост и посветеност дале голем придонес во остварување на нашите заеднички стремежи за подобар, поуспешен и просперитететен Охрид.

Упатуваме искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Охрид и Република Македонија.

Нека е честит националниот ден на Власите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.