28/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите просветни работници им го честита Светскиот ден на учителот – 5 Октомври со желби за поголеми успеси и постигнувања во воспитно-образовниот процес.

„Професијата учител е благородна професија која преку едукација го подготвува човекот за патот низ животот, го издигнува човекот на еден висок пиедестал со високи морални и интелектуални квалитети.

Професијата учител е исправена пред големи предизвици затоа што порано наставниците беа високо почитувани и претставуваа модел и инспирација за децата, а сега стануваат жртви на неуспесите на образовниот систем.

Приоритет како влог во иднината треба да биде образованието со посветени учители, материјално задоволни, промотори на нови вредности бидејќи нема да имаме општество, без професијата учител, професија која подразбира учители кои поучуваат и кои учат.

Во време кога имаме негирање на идентитетот, историјата и јазикот најповеќе учителот има аманет за пренесување на идеалите на нашите предци за татковината, Република Македонија.

Нека е честит Светскиот ден на учителот!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.