24/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

„Ромската заедница како интегрален дел од македонското општество негувајќи го својот јазик ги развива својата култура и традиција. Нивниот придонес во културниот, политичкиот и економскиот живот во Охрид треба да се почитува и цени. Наша заедничка цел мора да биде унапредување на политичката, културната и социо-економската положба на Ромите во општеството.

Во овие тешки моменти за Република Македонија посакуваме убави празнични денови, многу радост, здравје и љубов.

Нека ви е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.