20/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

„Овој ден е потсетник за страдањето и борбата на работниците за унапредување на своите права. Трудот и работникот мора да бидат почитувани и вреднувани без разлика на полот, етничката и верската припадност, а не погазени и со нарушено достоинство. Потребни се промени во нашето општество затоа што многу граѓани не можат да ги остварат правата на работа, плата и пристоен живот.

Да се спротивставиме на сите лоши политики и да се избориме за подобро. Ги повикуваме надлежните и одговорните да ги почитуваат правата на сите граѓани затоа што тие заслужуваат подобра социјална заштита и повисок стандард.

Во овие тешки времиња да се посветиме на грижатa и хуманоста за нашите сограѓани.

Заедно да изградиме подобар Охрид и подобра Македонија!

Честит ден на трудот – 1 Мај!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.