29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упатува искрени честитки со желби за многу среќа, радост и мир во душите на сите верници од православна вероисповед.

„Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојот и радоста. Пресвета Богородица е симбол на жената како мајка и столб на семејството. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Таа како Мајка на животот се грижи за нашето исправување и укрепување на нашата волја за извршување добри дела.

Вредностите кои се поврзани со Пресвета Богородица да продолжат да бидат инспирација и мотивација за создавање подобра иднина на Охрид и Република Македонија. Само сплотени и обединети со верба во милоста, човечноста и благодатот ќе го изодиме патот кон светлата иднина.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.