23/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод верскиот празник Вера, Надеж, Љубов и мајката Софија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници им го честита христијанскиот празник Вера, Надеж, Љубов и мајката Софија.

„Денешнот ден е олицетворение на најважните сечовечки благодети.

Зракот е во Верата, сончевиот круг во Љубовта, а светлината во Надежта и сите се излеваат од Мудроста. Блажени се заради нивното чисто срце, зашто нивното срце било вистинско око, зашто биле гонети и мачени заради правдата.

Нека овие благодети нè одржуваат во живот, ни влеваат сили при животните бури и потреси, но и за да можеме да ги надминеме тешкотиите што ни ги носи животот.

Нека празникот ни даде смисла и мудрост на животот, нека верата, надежта и љубовта бидат водилка да се истрае во сите неправди и тешки моменти во животот и нечовечки понижувања над Република Македонија.

Да бидеме мудри, но и да сакаме, да веруваме и да се надеваме!

Нека ни е честит празникот и за многу години!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.