Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга на сите припадници на влашката заедница им го честита 23 Мај – Националниот ден на Власите.

„Во оваа прилика, би сакале да ви се заблагодариме за вашиот несебичен придонес, за унапредување и развивање на Република Македонија!

Вие сте пример како се гради едно мултикултурно и мултиетничко општество!

Да продолжиме по стапките на нашите предци и со взаемна почит и труд, да работиме за подобра и просперитетна Република Македонија!

Нека е честит 23 Мај – Национален ден на Власите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.