29/03/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 8ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Струга им го честита 8ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија!

„8ми Септември, 1991 година е датумот кога беше постигнат вековниот стремеж на македонскиот народ за сопствена и суверена Република Македонија. На тој историски ден, Македонците масовно излегоа на Референдум и гласаа за независна Република Македонија, а со тоа го исполнија аманетот на нашите херои од минатото.

И денес, како и низ историјата, Република Македонија повторно е ставена пред бројни предизвици, но сите ние, со гордо исправени глави, ќе продолжиме да се бориме, секогаш на браникот на татковината, за нашите идеали, за идеалите на нашите идни генерациии, за слободна и независна Република Македонија!

Нека ни е честит и вековит 8ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија!

Нека ни е вечна Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.