19/04/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод католички Велигден

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар им го честита овој голем празник.

„Велигден е празник со кој се слави вечната победа на животот над смртта и тоа е триумф на љубовта над омразата.

Сите ние, во овие тешки денови на пандемија, се соочуваме со страшен и невидлив противник, со непријател од невидени размери, но вербата во Бога, треба да не соедини.

Да бидеме сплотени, да бидеме похрабри и единствени зашто само така, ќе се избориме против ова зло, во овие тешки моменти.

Нека, Велигден ни донесе мир и хармонија на сите, здравје, љубов, среќа и безгрижност!

Честит Велигден и Христос воскресе!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.