Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите Египќани во Република Македонија им го честита 24 Јуни – Меѓународниот ден на балканските Египќани.

„Египќаните отсекогаш биле и се составен дел од општеството, културата и традицијата во Република Македонија.

Во овие тешки моменти за нашата земја кога секојдневно се соочуваме со здравствена и економска криза, сиромаштија, корупција и криминал единствено што треба е да се обединиме и заедно да се избориме за Обнова на Македонија!

Ви посакуваме добро здравје, просперитет и благодет во вашите семејства.

Среќен 24 Јуни-Меѓународниот ден на балканските Египќани.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.