28/03/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод празникот Проштални поклади – Прочка

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Струга на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник, Проштални поклади- Прочка.

„Да простиме, значи да пронајдеме добрина во себе. Да простиме некогаш е тешко, но тоа е единствениот пат за духовен мир.

Денес и небото и простува на земјата, и човек му простува на човека. Човечки е да погрешиме, но и човечки е да простиме.

Нека е за многу години Прочка, празникот кој ја прочистува душата и не обединува сите.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.