Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга за 11-ти Октомври

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати честитка до граѓаните по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11-ти Октомври – Денот на македонското народноослободително востание и борба против фашистичкиот окупатор.

Овој ден го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода!

Да живее слободна Република Македонија! – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.