28/03/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод Денот на независноста

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

„Почитувани граѓани на Република Македонија,

На 8ми Септември, 1991 година, македонските граѓани, непоколебливи и решителни го остварија својот сон, да живееме во независна и суверена Република Македонија!

Патот до целта е секогаш тежок и макотрпен, но единството, сплотеноста и чувството за сопствена држава е секогаш поголемо од се.

Аманетот на нашите предци е да го трасираме патот на самостојна и суверена Република Македонија за идните поколенија, а во тоа ќе успееме само ако се сплотиме и спротивставиме на сите оние кои сакаат да ни ја променат и продадат историјата и културното наследство!

Херојството и љубовта кон татковината се нашиот патоказ, идеологијата и визијата за цврста, независна и суверена Република Македонија се нашиот завет!

Нека ни е честит 8ми Септевмри, Денот на независноста на Република Македонија!

Цела да е!

Една и единствена Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.