Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Струга по повод Богојавление – Водици

„Богојавление – Водици е еден од најубавите христијански празници!

Празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството.

На денот кога сите води се осветени, славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, цврсто ја втемелуваме нашата верба во Бога.

Нека овој христијански празник, Богојавление – Водици го дочекаме во мир, слога, заедништво и хармонија!“ – стои во честитката од ВМРО ДПМНЕ ОК Струга.

Од партијата известуваат дека на спуштањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим, ќе присуствува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски.