25/04/2024
Македонија

Честитка за Курбан Бајрам од министерот за култура, Асаф Адеми

Драги верници од исламска вероисповед, кога се наоѓаме пред големиот празник Курбан Бајрам, дозволете ми да ви го честитам овој голем празник, со желба да имате пријатни мигови со вашите најблиски!

Курбан Бајрам, како највозвишена метафора на пожртвувањето, претставува безвременски повик кон човекот дека само несебичното пожртвување произведува вечни вредности.

Посакувам овој Бајрам да биде ваква лекција.

Честит Курбан Бајрам!
Бајрам мубарек олсун!

Асаф Адеми,
Министер за култура на Република Македонија