23/04/2024
Охрид

Чествување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

По повод  24-ти Мај- Денот на сесловенските просветители, Светите  Кирил и Методиј, утре во 10 часот и 30 минути, во Домот на култура во населбата  Кошишта ќе се одржи панахида за Светите браќа, а потоа концерт ќе одржи КУД  „Ѓердан“.

Во 11 часот пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот  парк ќе биде положено свежо цвеќе, потоа пред присутните ќе се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, а свеченоста ќе заврши со доделување на  награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта. Чествувањето на  денот на сесловенските просветители ќе заврши утревечер со концерт на  растечката генерација македонски пијанисти, што ќе се одржи во црквата „Света  Софија“ со почеток во 19 часот и 30 минути.