18/04/2024
Охрид

Чистење на плажата Грашница

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на крајбреажниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до Калето.

Плажата е расчистена од отпадот кој е натрупан од езерските води: најзастапена беше езерскта трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика,  хартија, лименки  и др.