19/04/2024
Македонија

Членовите на Антикорупциска дадоа свечени изјави

Новoизбраните членови на Комисијата за спречување на корупцијата дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

За претседателка на Комисијата е избрана ревизорката Билјана Ивановска. За членови се избрани Владимир Георгиев, државен советник на секретаријатот на  Комисијата за спречување на корупција, Софка Пејовска Дојчиновска, раководител на сектор во Комисијата за  спречување на корупцијата,  Катица Николовска, ревизор, Нури Бајрами вработен во Општина Гостивар, новинарот Горан Трпеноски и Салаи Шемши вработен во Општина Врашчиште.

Тие се избрани според новиот Закон за борба со корупцијата и судир на интереси. Мандатот на претседателката и членовите на Антикорупциската комисија е 5 години.

На конкурсот беа пријавени 56 кандидати.