24/04/2024
Дебрца

Црква наместо депонија во Годивје

На местото каде што требаше да се гради депонија во селото Годивје, општина Дебрца, на иницијатива на Црковниот одбор на Дебрца започна возобновувањето на црквата посветена на Св.Вартоломеј.

„Ова беше моја иницијатива уште пред две години. Оваа црква требаше да се гради тука уште пред депонијата да биде актуелна. Со благослов од митрополитот Тимотеј, добивме писмено одобрение, да ја изградиме црквата овде на црковно место, а иницијативниот одбор се сложи со тоа.

Овде не може да се гради депонија. Цел народ е скокнат, сите си бараат сопственост, сето ова овде е приватно земјиште и црковно, нема државно. Ние би презеле и порадикални мерки, нема да дозволиме да се гради депонија тука. Не само протестирање, туку нема да смее некој да стапне тука, ќе го заштитиме по секоја цена, не само Годивје туку и цела Дебрца.- изјави Никола Стојаноски, претседател на Црковниот одбор Дебрца и уште додаде:

„Имаме уште една иницијатива, да приземеме уште неколку од приватните ниви, а нив да им дадеме црковна нива, да ни го дадат ова место цело, така да биде еден голем простор за црквава.“ – додаде Стојаноски.

WebOhrid