Црвен крст им додели признанија на најзаслужните крводарители во Охрид

Црвениот крст го одбележува 17 ти март, Денот на крводарителството во Македонија и Денот на Црвениот крст на Македонија. По тој повод денес во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа свеченост, на која беа доделени признанија на најзаслужните крводарители.

На свеченоста присуствуваа и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски.

Претседателот на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека крводарителството во Македонија е во подем. Самиот факт што во 2018 година беа планирани да се соберат 55 илјади крвни едници, а беа собрани 56 илјади крвни единици покажува за големата хуманост на нашите сограѓани.

Плакета за 50 пати дарувана крв доби охриѓанецот Борче Матески кој им порача на младите активно да се вклучат во хуманото семејство на крводарители, посочувајќи дека чувството е навистина големо и хумано и дека со дарување на скапоцената течност помагаме во спасување на човечки животи.

Признанија, плакети и благодарници им беа доделени и на други повеќекратни крводарители, поединци, фирми и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid