28/03/2024
Охрид

Црвен крст Охрид организира обука за негователи на стари и немоќни лица

Црвен крст Охрид од неодамна е верификувана организација за спроведување на обуки за неговател/ка на стари и немоќни лица во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука.

Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид започнува со организирање на обука за неговател/ка на стари и немоќни лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период од 15-18 часот. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за неговател/ка на стари и немоќни лица.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, каде треба да ги остават следните податоци (Име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон/е-маил со назнака за Оглас за негователи).

Огласот за пријавување на кандидати за обука на неговател/ка на стари и немоќни лица е отворен од 05.11 до 10.11.2019.

Црвен крст Охрид ги очекува сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за помош и негување на стари и немоќни лица и да се стекнат со меѓународно признат сертификат за неговател/ка.