Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 3 – 10 јули 2019 година. Обуката која ќе се изведува на Охридското Езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

  • да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)
  • да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа

Кандидатите можат да се пријавуваат лично во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч., на телефоните 046 261-909 и 070 315-309 или електронски на линкот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdw_KHsTZXA7_uS7LFPzPqPuu6QyQBGJiKRMG47ZXfc7J6k4Q/viewform?fbclid=IwAR01EjSvEkbwTOk8X-yPLZu–Ly8iYS4Z054yRVL8SfXwL06Jm6-wPFxK7Q

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман на капалиштата на Охридското езеро.