25/04/2024
Охрид

Црвен крст Охрид викендов ќе реализира младински едукативен камп од Проектот „Симфонија“

Во рамките на проектните активности на Црвен крст Охрид, во тек е реализација на проектот Симфонија. Со овој проект се опфатени 35 деца, ученици од VIII одделение во 5 основни училишта во Охрид. Целта на проектот е меѓусебна соработка и продлабочена комуникација помеѓу младите од Охрид, припадници на различни етнички групи.

За таа цел, тим од 5 едукатори заедно со 35 деца на 13 годишна возраст овој викенд (04-06.05.2018 година) ќе реализира младински едукативен камп во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во Велестово. На кампот младите ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат, да стекнат основни знаења за Движењето на Црвен крст и Црвена Полумесечина, како и да се запознаат со културата како систем од вредности (препознавање на различностите). Учениците ќе имаат можност да стекнат и практицираат знаења и вештини за комуникација и тимска работа. За време на кампот тимот едукатори ќе реализира широка лепеза едукативни и забавни работилници, преку кои ќе се овозможи интеракција, учење, дружење и забава на учесниците на кампот.

На крајот од кампот, младите ќе добијат насоки за истражувачки активности што ќе следуваатт во наредните два месеци, како и насоки за големиот настан во месец јули со кој ќе се заокружи проектот Симфонија.

Проектот Симфонија кој се спроведува од страна на Црвен крст Охрид е поддржан од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга.