Цвеќе пред спомен обележјата на великаните од НОБ

Во  рамки на чествувањата посветени на 11 Октомври – Денот на народното востание, делегација  од општина Охрид  предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и останати претставници од јавниот и политички живот од градов,  денес положија  свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд –Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методи“. Цвеќе беше положено  и на спомен обележјето кај градски гробишта.