28/03/2024
Писма/Колумни

Далип: Охридскиот рамковен договор не ги даде очекуваните резултати за Египќаните

Ако, се направи една сериозна скурпулна и системска анализа на процесот и целта на потпишување на Охридскиот Рамковен Договор, содржината, духот и и насоките на истиот, процесот на имплементација, слободно можеме да констатираме дека припадниците на етничката заедница Египќани во Република Македонија, дефинитивно не добија апсолутни ништо од Охридскиот Рамковен Дговор, во смисол на институционална интеграција, соодветна и правична застапеност, бидејки факт е дека нема ниту 1 деклариран а вработен Египќанец, согласно Охридскиот Рамковен Договор.Египќаните, за да ги остварат своите права еа а највероватно и ке бидат принудени да се декларираат како „Албанци“ или „Роми“, а се со цел да реализираат одредено право, што е крајно загрижувачки за дефинитивниот опстанок на самиот етникум, како Египќани, како автохтона етничка заедница. Надеж, дава подршката која ја добваме од највлијателните Амбасадори, кои имаат разбирање за проблемите со кои се соочуваме, на дневна основа, бидејки сме жртви на на еден нерамноправен однос. Апелирам, институциите на системот да не продуцираат дискиминаторски дејанија и да понедат можности за интеграција на Египканите како лојални грагани.
 Демир Далип, Дипл. правник, лидер на НФИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ“
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.