29/03/2024
Охрид

Далип: Престанува соработката со ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е недоволно заинтересиран за проблемите на Египќаните

„Денес, за жал. морам да обзнанам една Одлука, која ни малку не ја посакував да ја обзнанам. Престанува соработката помеѓу НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ и ВМРО-ДПМНЕ. Основната причина лежи во недоволната заинтересираност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Христијан Мицкоски, околу решавање на проблемите со кои се соочува мојот народ. Повеќе од 2 години, бевме во константна комуникација со г-динот Мицкоски, буквално го замолувавме да го Потпишеме Меморандумот за Соработка, која патем е потпишана и од поранешниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ, ја доби поддршката изразено ЈАВНО и за Претседателските избори, а тие од нивна страна не испорачаа ништо, иако лично го замолив да покренат иницијатива за ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА 24 ЈУНИ-Денот на Балканските Египќани. Ако, се додаде и тоа дека, локалниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, убедливо беше против изградбата на Али Пашината Џамија, јасно беше дека повеќе не постои основа за понатамошна соработка. Имам индиции, дека ВМРО-ДПМНЕ, пред Амбасадорите се големи демократи, пред членството големи патриоти, а во однос на помалубројните заедници протежираат игнорантски однос. Му посакувам многу успех, и на ВМРО-ДПМНЕ и на г-динот Мицкоски,“ – истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Демир Далип.