Даниел Јорданоски, претседателот на ГДУ – Охрид го повикува Сашо Донев на ТВ дуел

„Гледам дека некој многу се навредил и чинам сам си ја брка мувата што ја има на капата…

Почитуван господине Сашо Донев ме радува вашата самодоверба и би бил пресреќен ако имате храброст да го пренесете тоа на ТВ дуел. Ве очекувам во секое време и оставам на вас да изберете време, место и дополнително да си земете правници и некој соработник, па ќе ги соочиме фактите и ќе видиме кој каде и зошто. Воедно ќе ја искористиме приликата и ќе поразговараме за УНЕСКО, за дивоградбите, за Џамијата, за партиските вработувања, за дивите плажи, за затвотрениот базен, за игралиштето во Лескоец, за кејот и за многу други работи.

Соберете храброст и одберете место. Што се однесува до мене би прифатил и во штабот на ДПМНЕ“, – напиша претседателот на ГДУ, Даниел Јорданоски.