Дебрца За Ретки болести на Охрид трчаТ

Општина Дебрца континуирано дава поддршка на настаните кои се организираат за лицата со ретки болести.

„Денес со ученици од ОУ Дебрца бевме дел од тим билдингот ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ на Охрид трчаТ 2019, и со тоа се приклучуваме и ја поддржуваме нивната борба за видливост пред системот, навремена, точна и бесплатна дијагноза, како и пристапност и достапност на лековите.

И секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток.“ – истакна градоначалникот Ногачески.