25/04/2024
Охрид

Децата од градинките на едукативен сообраќаен час со панорамски автобус

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Охрид, денеска ја продолжува националната кампања-недела за безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“. Денешните активности се посветени на најмладите-децата од детските градинки. За нив е предвиден едукативен сообраќаен час што ќе го реализираат претставници од Советот и полициски службеник од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид.

Едукативниот сообраќаен час се спроведе низ возење со панорамскиот автобус по сообраќајниците во градот и надвор од населеното место, при што, полицискиот службеник на најмладите им одржа типизирано интерактивно предавање за сообраќајот.

Покрај панорамското разгледување на Охрид, оваа активност има едукативен карактер и има за цел поцелосно запознавање на најмладите со сообраќајната инфраструктура во градот, информирање за значењето на автобусот како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај најмладите за подигнување на безбедносната култура.