25/04/2024
Охрид

Дедо Мраз пристигна на охридскиот аеродром

Во организација на Локалната самоуправа и ТАВ-Македонија, денес на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, Дедо Мраз кој пристигна со авион, на 250 деца од предшколската голема група од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ им подели новогодишни пакетчиња.

Тоа беше атрактивен настан кој долго ќе го паметат дечињата, нивните родители и вработените од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.