Дефинитивно: Илинденските празници – шпицот на сезоната

И покрај тоа што можат да се читаат или слушаат поплаките дека Охрид нема гости, изминативе денови не беше таков случај. Доколку досега имало некоја „луфта“ да се размислува така, овие фотографии нека бидат крунскиот сведок за дефинитивниот шпиц на летната туристичка сезона.

Што придонесува за големата навалица и непрегледна колона од автомобили?! Тоа е прашање за кое има поделени мислења, без разлика дали е тоа музичката понуда – концерти на познати балкански и светски ѕвезди, или пак нешто сосема друго.

Во секој случај, иако само за кратко, ова покажува дека Охрид претставува атрактивна туристичка дестинација.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid