20/04/2024
Македонија

Делегација на Обединети за Македонија положи цвеќе на спомен обележјето на патронот на општината Ѓорче Петров

Делегација на Обединети за Македонија Ѓорче Петров предводена од претседателот на младината и член на претседателството Михаил Новковски положи свежо цвеќе на спомен обележјето на патронот на општината Ѓорче Петров.

„На денот на упокојувањето на Ѓорче Петров се потсетуваме на неговото дело и допринос за слободата на Македонија, со негувањето на историјата и оддавањето почит на личностите од неа го негуваме коренот, народ без корен е народ без историја кој ако истиот не го негува неможе да продолжи кон иднината.“ – истакнуваат од Обединети за Македонија.