29/03/2024
Охрид

Делегација на Општина Охрид во посета на Александровац

Делегација на општина Охрид предводена од Претседателката нa градскиот совет, Живка Ангелоска, Секретарот Игор Бежоски и советникот Мишел Силјаноски беа во  посета на општина Александровац,  Република Србија.

Делегацијата беше гостин на свечената седница на градскиот совет, го посети Музејот за вино и лозарство како и останатите свечености по повод празникот на градот.

Во рамки на посетата претставниците од Општина Охрид   остварија работна  средба со Градоначалникот на општината, Претседателот на Советот и мали стопанственици. На состанокот се разговараше за понатамошната  соработка и идна имплементација на заеднички проекти од областа на взаемна промоција на традиционална храна и вино и еко-туризмот.