20/04/2024
Охрид

Делегација на Општина Охрид за Илинден во Плаќе и Прентов мост

Делегација на општина Охрид, составена од советниците Рената Арнаудова и Мишел Силјаноски, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието на Рашанец и НОБ на Македонија во Плаќе и Прентов мост. Свежо цвеќе положија и делегација на Сојузот на борци од Охрид.

Во рамки на илинденските празнувања, во Плаќе, се организира и богата културно уметничка програма по повод Патронатот на црквата „Св. Илија“.