18/04/2024
Македонија

Делегација на СДСМ оддаде почит на револуционерниот и национален херој Гоце Делчев

Партиска делегација на СДСМ во состав, Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Михаела Иванова од СДММ, денеска, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев положи свежо цвеќе и оддаде почит на големиот визионер и национален херој на неговото вечното почивалиште во црквата Свети Спас.