19/04/2024
Охрид

Делегација од Јужна Моравија во посета на Општина Охрид

Делегација од Јужна Моравија предводена од раководителот на Комитетот за меѓународна соработка заедно со претставници од Црвен Крст од чешкиот град Брно денес беа во посета на општина Охрид.

На протоколарната средба со градоначалникот Јован Стојаноски се разговараше за учеството и презентација на Охрид на Саемот за туризам што е предвидено да се одржи во месец јануари 2019 година во Брно- Чешка.

Од страна на градоначалникот Јован Стојаноски беше истакнато дека општина Охрид е отворена за секаков вид соработка почнувајќи од сферата на туризмот како и соработка и збратимување со некој чешки град.

Претходно претставниците од црвениот Крст од Брно беа во посета на Црвен Крст – Охрид. Двете организации го презентираа својот начин на работа и беше заклучено дека во иднина ќе се реализира официјална меѓусебна соработка со што ќе се формира еден заеднички круг на функционирање Крагуевац- Охрид- Брно.