19/04/2024
Охрид

Делегација од Општина Охрид во посета на Александровац

Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровац, Република Србија, на традиционалната манифестација „Жупска берба – 2018“.

Традиционалната манифестација која датира од 1963 година, се одржа во терминот од 20 – 23 септември, а учествуваа повеќе од 400 илјади гости, кои учестуваа на карневалот и дефилето на учесниците во „Жупската берба“. Посетителите имаа можност да присуствуваат и на бројни концерти, изложби и да го посетат уникатниот Музеј на винарство и лозарство.

На средбите со градоначалникот Југослав Стајковац и претседателот на Советот на Општина Александровац, Тома Савковиќ, беа потврдени одличните односи на Охрид и Александровац со искрени заложби за нивно понатамошно продлабочување.