29/03/2024
Писма/Колумни

Демир Далип: Ќе го вратиме достоинството на Египќаните

Патот по кој ке чекориме, бара многу труд, саможртвувања, многу енергија, знаење, мудрост но и огромна внимателност. Да, точно е, тој пат ни малку не е лесен, ниту нејзината траекторија, но сите сме убедени дека на крајот ке ПОБЕДИМЕ. Го одбравме моделот на средби со највијателните Амбасадори, пред нив да ја преставиме „болната“, но реална слика на Египќаните. Едноставно, многу е тешко цели две и пол децении да живеете како маргинализирана заедница. Не е природно да се живее во страв, потчинетост, со ограничени права, без почитување на начелото на рамноправност. Имаме, драстична повреда на членовите 137 , 143 како и други одредби од позитивните прописи, како и Ратификувани договори од сверата на основните човекови права и слободи.Нашата мисија е да бидеме составен дел од Уставната Преамбула, да бидеме инстутуционално интегрирани врз принципите на правична и адекватна застапеност. Р.Македонија е наш заеднички дом, моите ставови се познати, и овој наш ангажман е инвестирање во младата генерација на Египкани, кои не сакаме да ја напуштат државата Р.Македонија.

Со почит,

Демир Далип – НВО Коалиција на Египќани

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.