18/04/2024
Македонија

Демир Далип: Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на нашата заедничка татковина

Лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Демир Далип, по повод 8 Септември, Денот на Нзависноста на Република Северна Македонија, упати честитка, притоа истакнувајки:

„Мојот народ Египќаните, нашите предци, генерациите кои доагаат како и сегашните, биле, се и ќе останат лојални граѓани на Македонија, бидејки таа е нивна единствена и неотуѓива татковина, бидејки и резервна немаат. Египќаните, гласаа на РЕФЕРЕНДУМОТ за Независна, и Самостојна Република Македонија. Египќаните се нераскинлив дел од Република Македонија, и преку взаемно почитување, преку заедништво и фокусирање кон градење на силна, сплотена и развиена Македонија, ќе опстанеме на патот кон води кон ЕУ И НАТО, како гарант за подобар квалитет на живот за генерациите кои доагаат. Работиме и фокусирани сме за да создадеме поквалитетен живот за нашите деца. Нека ни е честит и вековит празникот“, вели во честитката Демир Далип.