29/03/2024
Охрид

Демир Далип се сретна со италијанскиот амбасадор во нашата земја, Карло Ромеро

Лидерот на НГИ, „КОАЛИЦИЈА ЗА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип, придружуван од младинскиот активист и интелектуалец, Демирали Камбери, денес, оствари средба со Италијанскиот Амбасадор во Р.Македонија, неговата екселенција, Карло Ромеро.

На средбата, Италијанскиот Амбасадор детално се запознал со состојбата која ја имаат Египќаните во Р.Македонија, проблемите со кои се соочуваат како и нивниот статус во општествено-политичкиот живот и нивната институцијална интеграција. Како, што стои во дописот, Ромеро бил запознат и со намерата на Демир Далип да се кандидира како Независен Кандидат за Градоначалник на Охрид.

Италијанскиот Амбасадор, Карло Ромеро, ги поддржувал легитимните демократски активности на Египќаните во Р.Македонија.