20/04/2024
Охрид

„Ден без автомобили“ во Охрид

Во рамкиите на одбележувањето на  „Европската недела на мобилност “ (17 до 22. 09. 2018 г.)“ општина Охрид, денеска ја организира манифестацијата „Ден без автомобили“ .

Mанифестацијата, на која учествуваа бројни велосипедисти започна со презентација  од страна на претставници на Одделението за животна средина при Локалната самоуправа , а  присутните  ги поздрави заменик- градоначалникот Константин Георгиески.

„На овој ден кај нас , а и во светот  се затвараат фреквентни сообраќајници по кои се возат велосипеди, со што се упатува силна порака дека со мудро одбирање на секојдневниот превоз, се заштедува во домашниот буџет, се чува животната средина и се промовира здрав начин на живеење. Со секојдневната употреба на велосипедите, градот ни станува поопуштен, без врева и нервоза, а одењето на работа или прошетките стануваат задоволство.

Ние како одговорна Локална самоуправа сме упорни во нашите настојувања да обезбедиме што повеќе велосипедски и пешачки патеки.Деновиве со хоризонтална сигнализација се обележани велосипедските патеки на улиците „Димитар Влахов“ и „ Македонија“ , а со оваа активност се продолжува и на другите велосипдски патеки. Уверени сме дека со новата стратегија за одвивање на сообраќајот во Охрид, бројот на  велосипедските патеки драстично ќе се зголеми.

Денеска дојдовме со велосипеди или пеш, за да ги мотивираме нашите сограѓани да ги прифатат здравите навики на живеење.Заеднички се радуваме што ваквите манифестации се повеќе ги подржуваат младите.Денеска младите се најбројни, а таква е сликата и секој ден по улиците или велосипедските патеки долж охридското крајбрежје“- рече заменик- градоначалникот Константин Георгиески.

По презентацијата следуваше велосипедското дефиле  кое се  одвиваше по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со ул.„Димитар Влахов“ до пресекот со ул.„Партизанска“, ул.„Партизанска“ од пресекот со ул.„Кузман Јосифоски“до пресекот со ул.„Јане Сандански“ и дел од ул.„Јане Сандански“ од пресекот со ул.„Кеј Македонија“  од ул.,,Кеј Македонија“ преку мост ,,Билјанини извори“ до плажа ,,Амброзија“ и назад до ул.,,АСНОМ“ од ул.,,АСНОМ“ до  ул.,,Булевар Туристичка “ од Булевар Туристичка “ по  ул.,,Димитар Влахов“ до Општина Охрид.

Денот без автомобили заврши со извлекување награди за учесниците на велосипедското дефиле. Велосипед доби Иван Цекиќ, кациги добија Сашо Ставрески, Бора Какел, Лазар Стојаноски, Христијан Нестороски, Петар Додевски, Виктор Чачов, Стефан Жупан и  Виктор Кузманоски, мини пумпи добија Матеј Илоски, Климент Шуканов и Елена Аврамоска, ракавици добија Никола Рувинов и Никола Рувинов, торби за велосипед добија  Ангел Ѓорчев и Драгица Петаноска- Голабоска, педали добија Ајлин Реџеп и Спасе Иваноски, рачки за велосипед добија Никола Јованоски и Мартин Иваноски, задно светло добија Ана Тодороска и Мартин Стојаноски, а предно лед светло добија Петар Војдановски и Жанко Голабоски.